Тото презадоволен од тимскиот играч Ботас

343
   

Тото Волф го опиша Валтери Ботас како фантастичен тимски играч откако финецот ги испочитува тимските наредби и во 25от круг му го препушти водството и победата на Луис Хамилтон во Русија. Финецот тргна од пол позиција и не беше загрозуван од никого, а Луис немаше ритам да го мине.

Тимскиот шеф Волф признава дека тимските наредби тешко се проголтуваат особено потади тоа што Ботас е колатерална штета во борбата за титула.

Сите сме тркачи во срце и се што сакаме е да се тркаме и да го оставиме најбрзиот да победи. Но, во исто време сме и рационални и разговараме за работите пред трка и ги анализираме сите можни сценарија кои може да се случат на трката. Така беше и денеска.

Треба да сме презадоволни со 1-2 победа и на крајот на денот така и ќе биде, но жал ни е за Валтери. Ќе беше убава и доминантна победа за него, но ние го променивме тоа.

Поразуцачки е за возачот и за тимот, но тоа е суровата реалност во ден кога го зголемуваме водството за дополнителни седум поени во поредокот и е тешко и мачни за сите во екиапта да го проголтаат тоа, но реалноста е таква – анализира Волф.

Тото не пропушти да го поздрави ставот на неговиот фински возач во моментот кога му помогна на Хамилтон да ја зголеми својата предност на 50 поени во однос на Ветел кај возачите на само 5 трки пред крајот на сезоанта. Британецот математички може да завршува на 2ро место до крајот на сезоанта и да биде крунисан за првак во Абу Даби.

Валтери е невероајтен тимски играч. Луис беше позади, ние му кажавме да си ги променат позициите на 13от свиок и тој тоа го направи веднаш и без да праша било што друго.

Тоа е тоа што сите го сакаат во својот тим, момци на кои може да се потпрете на начин на кој нема ништо да се загуби. Поради тоа ситуацијата ни е уште потешка, но победа е победа и тоа во 1-2 стил и 50 поени предност згора на се.


Тото презадоволен од тимскиот играч Ботас

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>