Мерцедес им даде нова задача на своите инженери, а тоа е да дознаат зошто Ферари немаа толкава предност во однос на максималната брзина на правците, нешто што го имаа на претхоните трки. Во моментов италиајнците имаат предност во однос на моќта, а перформансите им се подобри и поради карактеристиките на нивниот Систем за повраток на енергијата што им дозволува многу подобро забрзување при излезот од кривините.

Токму предноста во брзина на почеток на правците ги натера Мерцедес да се пожалат на ФИА околу легалноста на системот за повраток на енергијата на Скудерија, но Федерацијата неколку пати го анализираше болидот на Ферари и не најде ништо сомнително. Но, по Италијанското Гранд При на кое победија, “сребрените“ се зачудени зошто нивниот болид бил на ниво на Ферари во однос на брзината.

Не разбирам зошто овој пат немаше никаква разлика во однос на макималната брзина. Шемата на перформанси е целосно променета за оваа трка и немам логично објаснување за тоа. Можеби паметните луѓе около нашиот Главен инженер за трка Шовлин ќе знаат, но сметам дека ќе треба голема и темелна анализа.

Се чини дека перформансите кои ги вадат од нивниот мотор во текот на еден круг не може да ги реплицираат на трка поради модовите кои ги користат на квлиикациите. Не би одел подалеку во детали затоа што може поинаку да биде протолкувано, не се обидувам да најдам оправдувања, имаа фантастичен болид во Сабота, а добар болид во Недела. Но, не видовме каков би бил Себастијан во болид без никаква штета – анализира Волф.

Во врска со праволиниската брзина, Мерцедес сметаат дека нивниот напредок им овозможил да се доближат до нивото на Ферари само една недела откако беа победени во Белгија.

Горд сум на работата која екипата ја заврши, луѓето задолжени за моторот и оние задолжени за шасијата во периодот од Спа до Монца. Подобро го разбираме болидот, подобро ги разбираме гумите, добивме перформанси, иако во Сабота тоа не се глдаше затоа што не се квалификувавме на пол позиција. Мислам дека изминатите неколку денови беа одлични, а би го кажал тоа и доколку не победевме.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.