Тото Волф е полн со пофалби за квалификацискиот круг на неговиот возач Луис Хамилтон, со кој британецот дојде до пол позиција на денешните квалификации во Сингапур. “Сребрените“ беа свесни дека Марина Беј не им одговара и покрај тоа што пред една година победија на трката, на која Ферари сами си се елиминираа на стартот, земајќи го со себе и Макс Верстапен.

Ферари беа најбрзи на тренинг сесиите и на првите два квалификациски сегменти, но потоа Луис стигна до својата 79та пол позиција во кариерата.

Неверојатен круг, невројатна сесија, луди емоции од почеток до крај. Речиси испаднавме во К1 откако сакавме да минеме со ултрасофт, момент кога нервите речиси попуштија чекајќи да видиме дали направивме стратешка грешка.

Потоа Луис извади еден од најневеројатните квалификаиски кругови кои сум ги видел. Многу сме охрабрени да видиме ваков напредок откако и Валтери Ботас беше подобар од една Ферари, а Луис ќе почне како прв – анализира Волф.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.