Тото по посетата на Ники: Ќе се врати

117

Пред да отпатува за Сингапур на следната трка од календарот, тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, најде време да го посети својот пријател и колега Ники Лауда кој закрепнува од транслатацијата на бели дробови која му беше извршена во болница во Виена. Тото не е загрижен и го очекува летечкиот австриец наскоро во падокот.

Секако дека физички е ослабен, но е целосно свесен и стабилен. Нема никаква разлика кај него, сеуште не загубил воопшто од својот думор. Во него има многу сила и рој е роден борец. Убеден сум дека многу скоро ќе се врати во падокот – откри Волф за австриски Kronen Zeitung по посетата на клиниката во Виена.

69-годишниот трикратен Формула 1 првак е Неизвршен претседател на Мерцедес. И покрај влошената здравствена состојба, Ники се интересира за секојдневните операции на екипата и развојот во фабриката во Бракли и крај патеката.

Тој сака да знае се за тимот и се за возачите. Поради тоа ми кажа да го бомбардирам со електронски пораки по крајот на секоја сесија. Тој направи само кус питстоп во својот живот и ќе вози дополнителен круг поради тоа, но ќе биде добро и ќе се врати.


Booking.com

Тото по посетата на Ники: Ќе се врати

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>