Шефот на Мерцедес, Тото Волф, ја става под знак прашалник иднината на програмата за млади возачи на Мерцедес по потешкотиите за наоѓање на Формула 1 места за младите и надежни возачи. Во моментов “сребрените“ ги имаат младите Естебан Окон, Џорџ Расел и Паскал Верлејн кај себе и никој од нив нема Формула 1 иднина за следната сезона.

Од Мерцедес демантираа дека имаат намера да купат свој јуниорски тим, како што Ред Бул го има Торо Росо, така што нешто мора да се смени. Доколку во скоро време не се најде место за нивните возачи, Тото ќе предложи до својот борд да не финансираат кариера на млади возачи.

Имаме три навистина многу талентирани деца за кои нема можност за Формула 1, а тоа ни стана болна тема сега кога не знаеме што да правиме во врска со нивната иднина. Финансирање на јуниорска екипа не е опција затоа што тоа чини 80-90-100 милиони долари секоја година само за да ги вдомите вашите млади возачи, а тоа не го сакаме.

Од друга страна, доколку возачите стагнираат како возачи на Мерцедес, тогаш ние нема да бидеме добра опција за нив во иднина. Јас сум тркач во срце и сеуше верувам дека најдобриот талент треба да биде поддршан и развиен и се надевам дека брзо ќе најдеме решение за нашите момчиња.

Ако не можеме да ја решиме нивната иднина тогаш под знак прашалник ќе се стават јуниорските програми и многу брзо ќе се вратиме на моделот “плати за да возиш“. Ако не можеме да најдеме место за нив во Формула 1 тогаш тоа што го работиме нема смисла и тоа ќе биде вистиска штета.

Ќе разговарам со мојот Борд на крајот на годиата во зависност од тоа каква ќе биде иднината на Џорџ, Паскал или Естебан – објасни австриецот.

Се појавува и друг проблем, а тоа е дека некои екипи не ги сакаат младите возачи на Мерцедес, токму поради нивната поврзаност со “сребрените“ и тогаш се појавува дилемата дали е дојдено време да им се даде слобода на младите возачи.

Во основа ова го правиме затоа што многу ужвиваме да му помогнеме на младиот талент кој нема доволно финансии. Но доколку нашата поддршка се дава се додека не се стигне до Формула 1, тогаш се поставува прашањето што значи да се биде возач на Мерцедес.

Во моемнтов, ако возите за друга екипа, возите за таа екипа, а јас нема да имам право да му кажувам ништо на Естебан доколку тој вози за Рено, Мекларен или Вилијамс без разлика на се што се зборува. Целиот систем треба да се провери – заклучи Волф.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.