Тото не се сомнева дека Ред Бул и Хонда ќе бидат одлични

198
   

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, не се сомнева дека одлуката на Ред Бул да го промени доставувачот на мотори и следните две години да ја користи Хонда е правилен потег и смета дека екипата од Милтон кинс ќе биде конкурентна.

Пред француското Гранд При екипата од Милтон Кинс откри дека следните две години наместо со моторите на Рено ќе се трка со моторите на Хонда и дефакто ќе стане фабричка екипа на Сакура. Многумина го земаат во предвид искуството на Мекларен и се скептични дека партнерството ќе донесе резултат. Сезонава станува јасно дека не била само Хонда крива за очајните три сезони со Мекларен, затоа што годинава со Рено, тие се најслаб тим кој го користи моторот од Вири.

Најпрво, како Формула 1 фан добро се сеќавам на славните денови на Хонда во спортот и немам сомнеж дека еден ден повторно ќе се вратат во таква ситуација.

За нас како Мерцедес е многу важно да имаме врвни брендови во Формула 1 и колку што може повеќе производителите да доаѓаат во оваа тркачка серија како снабдувачи со мотори. Колку повеќе брендови може да се привлечат толку е подобро за спортот.

Исто така не се сомневам дека Хонда ќе биде конкурентна. Франц Тост спомна дека соработката ќе биде тројна помеѓу Торо росо, Ред Бул и Хонда, а со техничката способност и можност на Ред Бул сигурно ќе имаат одличен напредок.

Сметам дека тоа е вистинскиот чекор напред за Ред Бул и сите засегнати страни. Беше важно Ред Бул да добие статус на фабричка екипа затоа што долгорочно гледано тоа веројатно е најдобра шанса да стигнат до нова титула, иако можеби краткорочно треба многу работа.

Донесоа исправна одлука гледано на долг рок, а ние сме возбудени од борбата која ќе ја водиме со нив во иднина – заврши Тото Волф.


Тото не се сомнева дека Ред Бул и Хонда ќе бидат одлични

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>