Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, смета дека сеуште е рано за прослава на титула затоа што е свесен дека предноста на Мерцедес или Ферари се менува од една на друга пате.а “Сребрените“ одработија одлично на домашен терена на Ферари во Монца минатиот викенд и победија, иако СФ71Х беше најбрз болид цел викенд, но тактиката им донесе одличен резултат.

Има уште седум Гранд При трки на календарот и не можам да предвидам што ќе се случи. На исто ниво сме со Ферари, а благата предност се изменува во зависност од тоа на која патека се тркаме. Некаде имаме две десетинки предност, некаде имаме две десетинки негатива – анализира Волф.

Следната трка е во Сингапур, патека која силно одговара на карактеристиките на болидот на Ред Бул, на што Волф смета дека не смее да се заборави.

Не смееме да заборавиме на Ред Бул во Сингапур. Тие се секогаш контакурентни таму така што траката ја прават уште понепредвидлива.

Мерцедес води во проедокот како кај конструкторите така и кај возачите.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.