Тото нервозен за Окон: Немаа му** да го испочитуваат ветеното

415

Тото Волф откри дека има многу задкулисни игри, скриени агенди и лаги во врска со несигурноста на Естебан Окон. Французинот е поддржан од Мерцедес од 2015 година кога ја освои ГП3 серијата, мина во Манор следната година, а оваа вози за Форс Индија. Но, неговото место е во опасност поради тоа што повеќе од сигурно е дека Ленс Строл ќе вози за тимот од Силверстон догодина.

Се шпекулираше дека французинот имал преддоговор со Рено, но фабричката екипа поотоа се реши да потпише со Даниел Рикардо.

Тоа што не само ние го правиме туку и останатите тимови со програми за млади возачи е подигнување на нивото на серијата и носење на добри возачи во Формула 1, оние кои победуваат и освојуваат првенства, а имаат и желба да се тука.

Тоа што се случуваше годинава во Јули и Август беше неверојатно, имаше многу политика, позадини и скриени агенди полни со лаги. Нема сите талентирани деца да добијат болиди, веројатно Естебан ќе биде еден од нив, но ние ќе се грижиме за него затоа што во него гледаме идна ѕвезда.

Во Јули Окон имаше две понуди, договори пред себе и беше до него само да одбере која е вистинската за него. Заврши без никаква понуда затоа што луѓето едноставно немаа му** да се држат до она што го кажаа и ветија.

Но, тоа не е проблем, ние мораме да го решиме проблемот со Естебан, тој е силно момче, имал тешки моменти во кариерата, а ова ќе го поправиме – најави Волф.


Booking.com

Тото нервозен за Окон: Немаа му** да го испочитуваат ветеното

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>