Откако барањето за администрација на Серхио Перез беше поддржано и од Мерцедес, Тото Волф отки дека истото го направил со најдобра намера за тимот затоа што знаел дека потенцијалните купувачи на екипата имаат “длабоки џебови“.

Има неколку потенцијални купувачи со длабоки џебови и со целосно разбирање на тоа колку пари се потребни за конкурентност во Формула 1. Тоа е нешто што е позитивно за екипата и за сите вработени.

Признавам дека Виџеј направи фантастична работа изминативе 10 години, но тоа сега е зад нас. Тој мора да се пофали за тоа што го финансираше тимот и беше клучен акционер на Форс Индија, но во исто време имаше и ентузијазам и разбирање за тоа што е потребно.

Јасно е дека во моментов е многу потешко за него од порано и тоа во многу влијае на екипата. Формалниот процес е почнат со администрацијата и мораме да почекаме да видиме кој ќе се наддава за средствата.

Ние како Мерцедес сме само набљудувачи на тој процес и секако дека сакаме да ја дознаеме стратегијаа на финансирање од потенцијалниот нов купувач и како тоа ќе влијае на соработката помеѓу екипите – открива Тото Волф.

Според медиумите, можни купувачи на тимот се Лоренс Строл, милионер и татко на Ленс Строл кој бара да осигура возачко место за својот син.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.