Тото и Ники редовно се слушаат

238

Ники Лауда сеуште се наоѓа во болница во Виена по транслантацијата на бели дробови, но Тото Волф откри дека редовно се слуша со трикратниот Формула 1 првак. Летечкиот Ники е Неизвршен претседател на Мерцедес од Септември 2012 година и има многу значајна улога во доминацијата на “сребрените“ со спортот.

Мене особено ми недостасува од човечка гледна точка, како пријател при патување, спринг партнер на работа и секако драг пријател. За нас е секогаш важно навечер да вечераме заедно и да дискутираме за тоа како минал денот, само ние двајцата, а во моментов немам драг пријател крај себе и ми недостасува – објасни Тото за германски Die Welt.

Сепак, Волф објасни дека секојдневно го информира Лауда за се што се случува во екипата и во Формула 1 падокот општо.

Во моментов, неговото здравје е најважно од се и проади тоа мора дасе одмори, но јас редовно имам контакт со него. Ги гледа трките и јас се обидувам да му давам колку што можам повеќе информации.


Booking.com

Тото и Ники редовно се слушаат

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>