Шефот на Мерцедес, Тото Воф, смета дека може да има карамбол на стартот од Големата награда на Мексико поради тоа што топ 3 тимовите се наредени во обратен редослед во однос на максималната брзина која ја постигнуваат на правците. Даниел Рикардо и Макс Верстапен тргнуваат од првиот ред , зад нив се Мерцедес, а потоа Ферари.

Гридот има потенцијал за опасен карамбол на правецот во пресрет на првата кривина затоа што ги имаме двата болиди на Ред Бул на чело кои беа последни според брзината на правците од топ 3 екипите. Потоа сме ние, а зад нас се Ферари кои се 10 километри на час побрзо од останатите. Се обидувам да го визуелизирам како тоа би изгледало на правецот пред првата кривина и само се надевам дека ќе останеме нечепнати со двата болиди – гласи желбата на Волф.

На Луис Хамилтон му треба барем седмо место за да ја освои титулата и се надева дека ќе ги помине болидите пред себе доколку му се укаже било каква шанса, но потенцираше дека нема да ризикува.

Зависи од мојата позиција, ако Ред Бул добро ме повлечар и имам можност да минам, ќе ја искористам, ако не ќе си ја зачувам мојата позиција. Долго време се тркам и знам дека одлуки набрзина донесени не се добри во такви моменти. Не сум размислувал многу за старот, но се надвам дека ќе биде добар и чист и ќе следува добра трка – најави актуелниот првак и бранител на титулата.

Претпазлив за можноста да мине некој на стартот е и Себастијан Фетел кој почнува од нечистата страна на патеката.

Од стартот ќе зависат многу работи, ние сме на нечистата страна и не знам колкава негативност е тоа, но до првата кривина има многу.  Вообичаено проблемот е дека нема каде да одите поради тесната патека. Ќе видиме што ќе се случи.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.