Тото загрижен пред Монако

412

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, призна дека е многу загрижен за перформансите и резултатите на екипата од престојната Голема награда на Монако поради ужасната ланска трка за нив, иако последниот викенд стигнаа до 1-2 победа.

Ланското издание на Хамилтон беше квалификации на 14то место, а финиш на 7мо место кога спасуваше што може да се спаси. Поради тоа, Тото не е оптимист.

Претерано сум загрижен затоа што видовме дека има патеки кои одлично ни одговараат и патеки на кои не сме толку добри.

Од било која причина тешко е да се поправи ДНК на болидот, а Монако заедно со Унгарија и Сингапур се патеки на кои не минуваме добро.

Колку и да сум задоволен од последната победа, со умот сум во Монако и Недела минатата година кога бевме навистина неконкурентни – се навраќа Волф.

Хамилтон исто како и својот шеф не е претеран оптимист, но останува мирен.

Ни доаѓаат многу трки кои ќе бидат предизвик за нас, почнуваќи од Монако.

Работата на Тото е да се грижи, а во неговиот ум ние веќе сме во Монако. Знаеме дека тој викенд ќе биде тежок, но како што видовме годинава, знаеме да стигнеме до добри поени и на лоши трки – смета Луис,


Тото загрижен пред Монако

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>