Шефот на Мерцедес, Тото Волф, е горд на двојното менување на гуми на неговата екипа во Кина кога прво беше “сервисиран“ Луис Хамилтон, а веднаш потоа и Валтери Ботас.

Во кругот број 37 Мерцедес одбра да ги повика двајцата возачи во исто време откако реши да ја промени стратегијата и наместо едно да направи две влегувања во гаража по нови гуми. Макс Верстапен прв влезе во бокс по свежи гуми, по што сите останати го следеа неговиот пример, бранејќи ги своите позиции.

Австрискиот тимски шеф појасни дека ризикот да се менува кај двата болиди во исти круг бил превземен поради тоа што постоела можност Валтери Ботас, доколку остане уште еден круг со стари гуми на патеката, да биде минат од Себастијан Фетел кој неколку кругови претходно ги промени пневматиците.

двојното менување беше горд момент затоа што можевме многу да загубиме, бевме на челните позиции, но менувањето го одработевме совршено – изјави волф за Sky Sports.

Во своја друга изјава, Тото додаде:

беше интересна ситуација затоа што ни беше јасно дека валтери е под притисок од себастијан. логично беше прво да менуваме кај валтери, но на тој начин тој ќе го минеше луис и не сакавме да ја решаваме нивната битка на тој начин од одлучивме симулано да менуваме.

видовме дека има доволно време помеѓу нив за да им промениме еден по друг без проблем, а на валтери му објаснивме дека нема да загуби време и сето тоа изгледаше импресивно.

за сите кои ја разбираат формула 1 тоа беше одлична кореографија и импресивен момент. дури и дитер зиче ги повика сите механичари, им се заблагодари и им кажа дека не видел ништо такво порано. потоа честиташе.

По двоното менување, возачите на Мерцедес си ги задржаа своите позиции, иако Ботас излезе зад Леклер, кој допрва требаше да мине на свежи гуми.

Волф појасни дека не биле сигурни дали да комплетираат трка со едно или две застанување, но работата им ја олеснил Макс Верстапен чие влегување беше почеток на влегувањата од останатите.

макс беше возачот кој два пати го иницираше влегувањето во бокс. никој не беше сигурен дали да оди со едно или со две застанувања, но макс промени гуми, ферари требаа да го покријат, а ние нив.

сакавме да избегнеме себастијан да не мине преку бокс, то аго објаснив. скавме да осигураме дека валтери и луис нема меѓусебно да загубат ако еден влезе пред другиот. поради тоа менување во истиот круг беше единствено решение што е многу тешко затоа што доколку не го направит екако што треба, ќе имате голем проблем.

кај нас процедурата одлично гункционираше и можам само да симнам капа на механичарите и сите вклучени во промената. слушам секојдневно во фабриката како работат нивните пиштоли додека тренираат, а денеска ги видов и плодовите на нивната работа.