Шефот на Мерцедес, Тото , призна дека е нетрпелив на враќањето на Ники Лауда следната година.

Трикратниот првак, Летечкиот Ники, имаше операција за транслантација на бели дробови кон крајот на летото и во моментов го одработува долгиот процес на поравување. Вториот дел од сезоната Ники го пропушти, а се очекува негово враќање во падокот следната сезона.

воопшто не се сомневам дека ќе се врати, дефинитивно тоа ќе се случи. лани беше голема битка, имавме подеми и падови, а потоа моравме да го преживееме и шокот со здравствената состојба на ники.

првично изгледаше како обична болес, но по неколку часови неговата состојба драстично се смени и секоја минута беше битна при неговиот трансфер во болницата во виена – откри волф.

Тото призна дека како доминувала сезоната, отсуството на Лауда било се поочигледно и не само професионално.

го водиме тимот заедно последните пет години и неговото отсуство го забележав повеќе од било кого. за мене тој е спаринг партнер и голем пријател и поради тоа едвај чекам да се врати следната година за да можеме повторно да одиме по истиот пат.

само докторите и ники знаат кога тој ќе се врати на својата работа и не сакам да шпекулирам со тоа. секако дека јас сакам да го видам од првата трка во австралија, но неговото здравје е приоритет – заврши волф.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.