Тото смета дека најголемата разлика помеѓу Мерцедес и е ставот кон победите и поразите во Формула 1.

Австирскиот претседател на “сребрените стрели“ е на чело на екипата од 2014 година кога почна доминацијата во врвот на моторспортот. Одтогаш Мерцедес ги освојува сите титули секоја година, по што стигна до пет последователни, нешто што му успеало само на Ферари на почетокот на 2000-те години.

Тото смета дека прифаќање на второто место понекогаш им помогнало да стигнат до подобра константност во однос на своите конкуренти.

дел од нашата днк е да останеме скромни и покрај тоа што победуваме. не ги земаме победите здраво за готово, не гледаме дека истите ни се загарантирани. не пристапуваме кон секој тркачки викенд со ставот дека мораме да победиме.

ако има трки на кои второто место е најмногу што можеме, а сме дале се од себе, се помируваме со тоа. сметам дека тоа е главната разлика помеѓу нас и ферари – исјави волф за холандскиот весник Formule 1.

Лани за прв пат во турбо хибридната ера, Ферари силно ги притисна Мерцедес сакајќи да ја прекине нивната доминација, но возачки, тимски и стратешки грешки ги уништија надежите за титула на италијанците.

тие имаат став дека се помалку од победа не е доволно добро. тие секогаш мора да победуваат, второ место за нив е неуспех иако дале се од себе – откри волф.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.