Тимскиот шеф на Торо Росо, Франц Тост, вели дека снабдувачот на агрегати Хонда ги надминале очекувањата на екипата во однос на издржливоста и перформансите оваа сезона.

Јапонскиот производител започна соработка со Торо Росо на почетокот на 2018 година по разврската со Мекларен по ужасни три години исполнети со постојани проблеми со издржливоста и недостаток на моќ.

Нивниот импресивен напредок ги убеди Ред Бул да ја прекинат својата соработка со Рено и да преминат на истите агрегатни единици како и нивната сестринска екипа за следната сезона.

Тие завршија фантастична работа, се подобрија многу во однос на перформансите, но и во однос на издржливоста. Ги надминаа нашите очекувања од гледна точка на издржливост, бидејќи сметавме дека ќе има повеќе проблеми, но искрено, немавме големи проблеми.

Во однос на перформансите исто така, со новата спецификација не заостануваме толку многу позади врвните екипи – вели Тост.

Торо Росо се охрабрени од последната спецификација иако имаше мали проблеми, надополнети со грид казни за Пјер Гасли и Брендон Хартли.

Убеден сум дека Хонда ќе се подобри во текот на зимските месеци. Тие вршат многу добра работа, работат многу напорно. Колку агрегати ќе се користат наредната година? Не знам сеуште. За мене, само 3 е погрешно од гледна точка на правилникот.

Треба да имаме можност да користиме повеќе, но тоа е случајот моментално со правилата и се надевам дека ќе се промени од 2021 година – додаде Тост.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.