Тост: Со новиот мотор мораме до К3

116
   

Шефот на Торо Росо, Франц Тост, ги притиска возачите инсистирајќи на К3 место за време на саботните квалификации со користење на новиот и силно подобрен агрегат на Хонда од третата спецификација. Подобрувањата беа пробани уште минатиот Петок во пресрет на викендот во Русија, а Хартли и Гасли позитивно се изјаснија за новиот агрегат.

Сепак, потребно е истиот да се интегрира колку што може подобво во СТР13 шасијата од Фаенца за да се дојд до посакуваниот резултат. Во моментов Тото Росо е нападна од Заубер за 8то место во конструкторскиот поредок.

Со третата спецификација на мотор мораме да стигнеме до К3, мораме да бидеме пред Заубер затоа што не притискаат во конструкторскиот поредок – побара Тост.

Шефот на Хонд Моторспорт, Масаши Јамамото, се надевал дека спецификацијата ќе може порано да се користи, но издежливоста морала да биде дополнително проверена.

Не бевме брзи во развојот како што сакавме да бидеме. Од неодамна се е многу подобро, особено деловите од моторот со внатрешно согоурување кој го подобривме и тоа многу успешно. Проблемите кои ги имавме се поврзани со калибрацијата, нешто што моравме да го средине од Русија – објасни Јамамото.


Тост: Со новиот мотор мораме до К3

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>