Франц , првиот човек на Торо Росо, смета дека Формула 1 шефовите треба да ја намалат потисната сила на болидите барем за 40-50% во однос на сегашната.

Сезонава кој претстои болидите ќе имаат поедноставни предни и странчни крила, а промени ќе има и кај задното крило се со цел да се намали нечистиот воздих и правилно да се канализира струењето на воздухот за да болидите се следат поблиску еден до друг и полесно се претекнуваат. Овие промени се само почетни во однос на она што се очекува да се случува од 2021 година.

Во своето интервју за motorsport, Франц смета дека големата потисна сила согласно правилата од 2017 година создала најбрзи болиди во историјата, но тоа што треба е да се намали зависноста од истата.

имаме многу потисна сила што значи огромни брзини во кривините и никој не може да следи никого поради нечистиот воздух кој болидот го остава зад себе. дополнително зоните за кочење речиси и да ги нема, така што нормално е да нема претекнување.

тоа значи дека фиа, фом и надлежните луѓе таму како рос браун или пет симондс, кој знаат точно што треба да се направи, треба да ја променат аеродинамиката, односно потисната сила. јас би ја намалил за 40-50% во однос на сегашното ниво за да се направат болидите многу понестабилни во кривините така што возачите се мачат додека управуваат со нив. на тој начин болидите ќе бидат многу побрзи на правците, ќе може да се претекне поради тоа што зоната за кочење пред кривините ќе биде далеку подолга. таквото правило може многу лесно имплементирано, само треба да се сака – објасни тост.

Австирскиот шеф смета дека возачите се единствени кои ги чувствуваат и препознаваат перформансите на болидите и поради тоа треба да бидат најмногу консултирани. Негов став е дека огромните брзини во кривините само го намалуваат спектаклот.

тимовите никогаш не треба да бидат консултирани околу правилата. оние кои ги носат правилата треба да ги стават на маса со став “прифати или оди си“, но тимовит есекогаш се прашуваат.

крупни одлуки се носат на техничката работка група. тоа се само инженери кои никогаш не треба да бидат консултирани.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.