Тост: Реално е Ред Бул и Хонда да победуваат

250

Тимскиот шеф на Торо Росо, Франц Тост, иајави дека од тоа што до сега го видел од , реално е да се очекува јапонците и сениорскиот Ред Бул да победуваат следната година. екипата од Фаенца работи во корист на “биковите“ откако годинава го зема силно подобрениот мотор на за својот болид.

Имаме фантастична соработка со Хонда. Ттие се многу добри и сериозни со нас и навистина многу го подобрија моторот споредено со миантата година.

Да се победува на трки со нашата структура е многу тешко, но Ред Бул се три пати погодлеми, се е на друго ниво одошто кај нас, Хонда се многу успешно така што зошто не би победувале заедно.

Подобрувањето на хонда во Канада ни даде три десетинки, а ќе имаме и нова спецификација за Америка, но мислам дека до крајот на годината ќе има и дополнителна спецификација. Убеден сум дека нивниот мотор ќе биде многу конкурентен – изјави Тост за шпанска Marca.

Многумина се сомневаат во одлуката на Ред Бул да се префрли на моторите од Сакура ако се земе во предвид што се случуваше со Мекларен минатите три години, а очигледно дека и Даниел Рикардо не верува дека таа комбинација ќе вроди со плод и реши да мине во фабричката екипа на Рено.

За наша среќа, Мекларен многу погрешија, а јас тоа го знаев и лани кога сметав дека не смее да се кририкува таква фантастична соработка со оглед на финансиите кои ги вложуваат Хонда.

Знаеме дека нивната шасија не е најдобра така што порано тие ни се смееја нас, а сега е мој ред да се смеам – заклучи Тост.


Тост: Реално е Ред Бул и Хонда да победуваат

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>