Тост очекува конкурентен и стабилен Квјат

59
   

Што може да очекуваме од Даниил Квјат следната сезона при неговото второ враќање во Формула 1 и трет обид со Торо Росо? Дали ќе го видиме ветувачкиот талент од 2014 и 2015 година или возачот со постојани грешки кој беше отпуштен од Ред Бул, а потоа и од Торо Росо во 2016 и 2017 година?

Шефот на Торо Росо, Франц Тост, очекува повеќе од првиот тип, велејќи дека русинот е постабилен од претходно. Квјат беше отпуштен од Ред Бул по двојниот судар со Себастијан Фетел во првиот круг од Руското Гранд При, а заменет со Макс Верстапен.

По тој инцидент, неговата самодоверба сосема опадна и тој се мачеше во текот на 2016 и 2017 година, пред целосно да биде отпуштен подоцна во сезоната. Даниил Квјат е талент, не се стигнува во врвен тим без талент, но ќе почекаме да видиме кој Квјат ќе се појави.

Тој е опуштен, имам чувство дека е постабилен одколку од пред година дена. Очекувам конкурентен Даниил Квјат.

Сите знаеме дека тој е брз, дека има високо ниво на природна брзина и само треба да седи во болидот, да притисне на десната педала и ќе видите дека тој ќе покаже добри резултати бидејќи способен е за тоа. Сите го знаеме тоа – вели Тост.


Тост очекува конкурентен и стабилен Квјат

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>