Тимскиот шеф на Торо Росо, австриецот Франц , изјави дека Деаниил Квјат заслужува втора шанса во Формула 1 и дека најдоброто од русинот допрва ќе дојде.

Квјат имаше одличен почеток на својата Формула 1 кариера откако по само една година (2014) мината во Торо Росо, беше промовиран во Ред Бул, но се мачеше со константноста и на почетокот од 2016 година беше вратен во Фаенца за да направи место за одличнио Макс Верстапен. Кон крајот на следната 2017 година целосно го загуби своето место помеѓу Ред Бул возачите и беше отпуштен од тимот, по што ланската сезона ја мина во Маранело работејќи во симулаторот на Ферари.

секогаш велам дека на млад возач му требаат 2-3 години за да го разбере спортот и да испорача резултато во сложениот формула 1 свет, но даниил ја покачажа својата природна брзина уште на млади години.

кога се укажа потреба да мине во ред бул рејсинг изгледаше дека е подготвен за тој предизвик. покажа одлични перформанси, но секогаш е огромен предизвик да се дадат резултати под притисок, а тој беше премлад.

мораше да мине низ многу тежо период кога се врати повторно кај нас во 2016 година, беше психолошки многу мачно, но никој никогаш не се омневал во неговите возачки квалитети. јас цврсто верував дека заслужува втора шанса во формула 1 и сеуште мислам дека не го покажал најдоброто од себе – најави тост.


РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.