Тост: Зошто да го менуваме Хартли ако продолжи вака

103
   

Првиот човек на Торо Росо, Франц Тост, смета дека нема никаква причина да го замени Брендон Хартли доколку новозеланѓанецот ја задржи формата која ја покажа на квалификациите во Сузука. Хартли со својот СТР13 болид опремен со третата спецификација мотор на Хонда стигна до 6то место на квалификациите во Јапонија, едно место погоре од својот колега Гасли, а најдобар квалификациски палсман во Формула 1 кариерата.

Иднината на возачот не е безбедна во Формула 1 екипата и се “вртат“ многу имиња за колега на Даниил Квјат следната сезона, но запрашан дали Хартли може да го задржи своето место во екипата, Тост одговори:

Ако продолжи да врши добра работа, ако продолжи да вози како денеска, нема никаква причина да го менуваме. Брендон е во тимот и константно ги подобрува своите перформанси. Ред Бул заедно со нас ќе донесат одлука за возачите, а тоа ќе се случи на крајот од сезоната. Менаџментот ја сака најдобрата опција и ако возач има добри перформанси ние никогаш нема да се ослободиме од него – изјави Тост.


Тост: Зошто да го менуваме Хартли ако продолжи вака

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>