Тост: Гасли е созреан возач

19

Тимскиот шеф на Торо Росо, Франц Тост, смета дека Пјер Гасли сега е созреан возач, откако французот постигна трет значителен резултат на Унгарското Гранд При.

По 4то место во Бахреин и седмо во Монако, Гасли стигна до шесто место во Унгарија. Иста позиција на која се квалификуваше за стартот. 22-годишниот возач досега има овоено 26 поени за екипата, од 28 вкупно кои ги има тимот од Фаенца.

Од Т1 бевме конкурентни. Пјер скоро во секој момент беше во топ 10, а јас бев прилично убеден дека може да заврши добра работа и да освоиме поени. Пласман на шесто место во квалификациите, за тоа не бев сигурен.

Но завршивме добра работа, покажавме дека болидот е добар на влажна патека. Двајцата возачи завршија добра работа, морам да признаам.

Пјер имаше добар старт, ја одбрани позицијата и ја заврши трката без проблеми. Ја контролираше трката, кога требаше да биде побрз, успеа, немаше проблеми ниту со сочувување на гориво. Покажа фантастични перформанси и стана навистина созреан возач.

Ги подобрува своите перформанси, неговите способности. Формула 1 е комплицирана, но тој ги користи сите алатки во негова предност и навистина сум импресиониран – изјави Тост.

На Франц му олеснало што Торо Росо освоиле значителни поени во Монако и Унгарија, две патеки каде што дефицитот на моторите на Хонда е помалку забежителен.

Превзедовме ризик. Следните две трки се поинакви. Спа и Монца бараат голема брзина. Ќе видиме каква ќе биде нашата позиција таму.

Од наша гледна точка ги подобривме перформансите, но главниот проблем за нас е дефицитот кон конкурентите како Хаас и Заубер.

Тие се навистина силни, многу конкурентни и во следните две трки ќе биде тешко да задржиме. Но оптимист сум за Сингапур.

Знаевме од почетокот дека оваа сезона нема да биде лесна. Ова е подготовка за следната година, а досега апсолутно се движиме во правилна насока. Имаме нови подобрувања, но останатите ќе имаат исто така. Зависи од тоа која екипа се развива на најефикасен начин – заклучи Тост.


Тост: Гасли е созреан возач

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>