Тост: Времето за новите правила истекува

79
   

Шефот на Торо Росо, Франц Тост, се плаши дека Формула 1 има многу малку време за да донесе одлука за иднината на спортот. Планираните целосно нови правила кои требаше да стапат на сила од 2021 година треба да донесат нови технички правила како и целосно нови правила за моторите. 

Договор сеуште не е постигнат како меѓу екипите така и помеѓу ФИА и сопственикот на комерцијалните права.

ФИА и ФОМ мораат колку што може побрзо да дојдат до договор и решение затоа што времето тече. Зборуваме за 2021 година и сеуште немаме целосно дефинирани правила за шасиајта и моторите. Тоа мора да се реши колку што може поскоро – објасни Тост.

Австриецот смета дека главен проблем со сегашните правила е тоа што топ 3 тимовите се многу напред, а останатите како да се тркаат во посебно првенство.

Постојат три екипи, а останатите се многу позади. ФИА и ФОМ мора да смислат нешто со нови правила како спортски така и технички.Формула 1 треба да биде забава, а во моментов таа забава ја одржуваат Луис Хамилтон и Себастијан Фетел, но мислам дека минимум 5-6 возачи треба да бидат вклучени во борбата за титула затоа што тоа го сакаат гледачите и фановите.

Ни треба решение кое ќе им дозволи на младите и талентирани возачи во мал тим да не бидат далеку од подиум, а денеска сме многу далеку од таква ситуација затоа што како да не се тркаме во иста тркачка серија.

Како и многу други тимски шефови и Франц е загрижен за трошоците кои би биле поврзани со промената на правилата.

Мора да се позанимаваат и со трошоците кои доаѓаат со новите правила и мислам дека ограничувањето на истите е идеја која може да биде реализирана. Мислам дека секогаш постои доволно простор за производителите да се развиваат, а моторите секогаш треба да останат срцето на кремот на моторспортот.


Тост: Времето за новите правила истекува

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>