Медиумските шпекулации велат дека Торо Росо сериозно размислуваат во својот тим да го земат Мик Шумахер, син на седумкратниот Формула 1 првак Михаел Шумахер за пополнување на место во својата екипа. Сегашниот возач на тимот од Фаенца, Пјер Гасли, следната година ќе вози за сениорскио Ред Бул, во тимот не се многу задоволни од резултатите и на другиот возач, Брендон Хартли.

Советнико, доктор Хелмут Марко, неодамна изјави дека има листа со 10 потенцијални кандидати кои би го пополниле местото во тимот, листа на која медиумите сметаат дека се наоѓаат и Естебан Окон и Стофел Вандон.

Motorsport пренесува дека по 3те победи во еден викенд во Европската Формула 3 серија, Марко сериозно размислува за Мик. Воедно, германецот има 6 победи на последните 10 трки во таа серија.

ФИА бара 20 поени на супер лиценцата на возачот за да добие право да управува со Формула 1 машинерија, така што на младиот Шумахер му треба само уште еден Формула 3 подиум за да дојде до соодветниот број. Со оглед на тоа што има уште два тркачки викенди, односно вкупно 6 трки, Мик не би требало да има проблем со освојување на ушт ееден подиум.

По последните трки, Шумахер дојде многу блиску по поени до водечкиот во Формула 3, Дан Тиктум, кој е штитеник на Ред Бул. Германецот најави дека следната година ќе се трка во Формула 2, но Торо Росо се познати по носење возачи директно од Формула 3 како што беше случајот со Макс Верстапен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.