Торо Росо темелно ќе ја испитува суспензијата

91
   

Техничкиот шеф на Торо Росо, Џејмс Кеј, откри дека компонентите од суспензијата на Брендон Хартли кои попуштија за време на утринската тренинг сесија на Силверстон не биле прв пат користени, но како знак на претпазливост, екипата одбрала да се врати на постара спецификација.

Хартли беше на Велинготн правецот по ДРС и почна кочење за Бруклендс кога суспензијата на предното лево тркало целосно се распадна, а болидот со голема брзина заврши во ограда. Како резултат на тоа, болидот не беше навреме оспособен нити за трката, тој почна од гаража, но комплетираше само 2 кругови.

Остатокот од Т3 сесијата во бокс ја преседе и Пјер Гасли откако екипата одбра и кај него да врати на постар тип на суспензија како мерка на претпазливост.

Делот со кој имавме проблеми не е никаква нова спецификација, но како мерка на претпазливост одбравме да користиме суспензија со која сме се тркале претходно. Единствена причина за тоа беше само претпазливоста за да ги намалиме непознаниците иако не најдовме никаква причина за дефектот – објасни Кеј.

Џејмс појасни дека откажувањето било целосно неочекувано и дека никогаш претходно немале таков проблем со оглед на тестовите на суспензијата.

Сеуште го истражуваме и разбираме проблемот. Никогаш не сме имале никакви проблеми, особено од ваква природа. Комплетиравме 9 трки без апсолутно никакви проблеми.

Во Австрија имавме мали штети, но речиси сите екипи ги оштетија своите болити на таа патека, а наш проблем беше минувањето преку тротоарите.

Никогаш не сум видел нешто слично со оглед на притисокот под кој се наоѓа тој дел од болидот, истиот е дизајниран токму за тоа. Таа кривина има историја на голем притисок на предниот лев дел, но претходниот ден цел ден возевме на тој начин, суспензијата беше користена во Канада каде е потребно огромно запирање, а исто така и во Бахреин.

Суспензијата е сервисирана и секогаш проверувана за квалитет, подложена на сите потребни тестови и секогаш се било во ред. Навистина е чудно што одеднаш имаме ваков проблем со дел кој бил целосно нормалено до сега. Тоа што сакаме да го дознаеме е дали имало некакво оштетување пред моментот на кршење – вели Кеј.

Остатоците од болидот се пратени во фабриката на тимот во Фаенца за темелна проверка за да се види проблемот кој допринел за кршење на суспензијата.

Ги пративме назад во фабриката, се е во карантина и ќе бидат подложени на темелна форензичка анализа за да се види дали биле оштетени, дали сами окажале и што се случило во тој момент. Имаме различни опции кои треба да ги истражиме.

Комплетиравме трка од 52 кругови со Пјер без никакви проблеми така што се чини дека проблемот бил еднократен поради сплет на околности кои мораме да ги развереме и мораме да почнеме со некакви претпоставки.

Брендон навистина немаше среќа, апсолутно немаше никаква вина, но му тргна на негативно цел викенд. Сепак, тој беше добро, тоа е најважно, а болидот го направи тоа што требаше – го заштити во целост – заклучи Џејмс.


Торо Росо темелно ќе ја испитува суспензијата

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>