Торо Росо потврдија дека нивната СТР14 шасија минала на задолжителниот краш тест од ФИА, што значи дека болидот има дозвола за учество на предсезонските тестови.

Италијанската екипа е прва која објави дека го минале краш тестот, нешто што е задолжително за сите екипи.

чекор поблиску до враќање на патеката во 2019 година. го минавме краш тестот на ФИА – објавија Торо росо на Твитер.

Краш тестот бил комплетиран во CSI Laboratory во Милано која е една од трите лаборатории со дозвола од ФИА да вршат вакви краш тестови (другите две се Cranfield’s Impact Centre и the Transport Research Laboratory во Велика Британија)

На шасијата се вршат вкупно 21 тест поделени во три различни типови и тоа: динамички тест во движење, статички тест со нанесување притисок (товар) и тест за превртување. Од сите нив, дури 13 тестови се статички со нанесување на притисок на клучни делови од шасијата за да се провери нејзината изджливост. Иако овие тестови се задолжителни затоа што придонесуваат за безбедноста на возачите, често тимовите не успеваат да ги минат поради тоа што одат до граници на можностите кои ги дозволува дизајнот. Сепак, за пропаднатите обиди на тимовите никогаш не се пишува.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.