Франц Тост вели дека неговата екипа Торо Росо очекува да биде “жртвено јагне“, доколку тоа ќе биде од полза за Ред Бул да се бори за титула.

Торо Росо како сестринска екипа секогаш се сметало дека се “жртвено јагне“, особено откако сениорската екипа им дава повеќе од 50 проценти од својот буџет. Тие средства се размена за помошта која ја овозможуваат кон Ред Бул за развој на нивните болиди.

Не треба да имаме интерни дискусии околу тоа, тоа е дел од нашиот пристап. Ако може да им помогнеме на Ред Бул да ја освојат титулата, додека ние сме “жртвено јагне“ во однос на развојот, тогаш така ќе биде.

Ние сме задоволни со услугата бидејќи го гледаме успехот од нашата работа. Не само во однос на моторот, но имаме погодности и во други области поради нашето партнерство со Хонда и Ред Бул. Целата основа на РБ15 ќе биде пренесена и кон нас – изјави тимскиот шеф, Франц Тост.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.