Техничкиот шеф на , кој следната сезона ќе мине во Мекларен, британецот Џејмс , нема да биде заменет во Фаенца затоа што екипата се одлучи за широка техничка соработка со следната година.

Новиот болид на Торо Росо ќе биде составен од голем број на делови од Ред Бул, односно сите кои се на дозволената листа, а исто така ќе имаат и исти мотор на Хонда. Доктор Хелмут , Советникот за моторспорт на Ред Бул Рејсинг, откри дека поради тоа нема да бараат замена за Кеј.

не можеме да го имаме истиот технички тим во Фаенца и во Милтон Кинс во однос на бројот на луѓето. концептите на кои работиме не се целосно имплементирани во двете фабрики, а една од причините беше тоа што џејмс кеј не беше целосно задоволен со нив. сепак, најдовме решение, а и полесни ќе ни оди без него.

неговата позиција на технички шеф нема да биде пополнета затоа што нема потреба од човек со такви задолженија во Торо Росо поради тоа што концептот на болидот ќе дојде од ред бул – објасни марко.

Формула 1 правилата ги обврзуваат тимовите да направат сами одреден број на делови, но делови од дозволената листа може да бидат купувани од некои од конкурентите се додека се ограничат аеродинамичките тестови на истите. Заедно со Хонда моторот, Ред Бул и Торо Росо ќе имаат исти заден дел и исти делови од предната суспензија.

Сепак, Торо Росо ќе ја почне сезоната со постари делови затоа што Ред Бул се познати по тоа што редовно доцнат со својот болид и покажуваат вистински перформанси кон крајот на сезоната. Марко објасни дека логисички е невозможно да се произведат доволно делови за четири болиди за предсезонските тестови.

концептот не е тајна, торо росо доби три камиони полни со делови и ќе искористи голем број на делови од нашиот болид за 2018 година кои правилата ги дозволуваат. целата работа беше олеснета со решавање за прашањето околу моторот, заедниот дел ќе биде од нас, се што е во рамки на дозволеното. тоа ни дава мала предност на страната на трошењето – смета марко.

Сличната соработка на Хаас и Ферари неколку пати беше под лупа на некои од конкурентите од влезот на американската екипа во спортот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.