Торо Росо нема повторно да се мачат со сопирачките

77
   

Тимот на Торо Росо сака да има одлично Јапонско Гранд При во чест на нивниот снабдувач на мотори, Хонда, откако пред тркачкиот викенд добија и подобрена верзија на сопирачки од Брембо за да се спречи откажувањето кои ги отстрани нивните болиди од трката во Русија.

Брендон Хартли и Пјер Гасли се паркираа во боксот откако во 5от круг нивните болиди речиси во исти момент се извртеа на патеката поради откажување на предните сопирачки.

Се очекува СТР13 да биде опремен со новата спецификација на Хонда во текот на целиот тркачки викенд.

Штипката од сопирачките се заглави поради прегревање, буквално го зовре системот за кочење, а потоа педалот пропадна до подот. Освен во првиот круг, останатите неколку имав многу тврди сопирачки.

Фактот што двата болиди го имаа истиот проблем, го прави полесен за рабирање. Исто така, тоа е нешто што ни се нема случено цела година. Мислам дека ова беше некоја посебна спецификација во однос на ладењето која доведе до проблемот.

Како и да е, разбравме што се случи. Почеток на трката, густ метеж од болиди, тежок болид со гориво и сето тоа направи голем проблем. Мислам дека се е веќе решено да престојната трка – смета Хартли.

Гаслит откри дека е направено подобрување на сопирачките од Брембо кои ќе се користат во пресрет на петочните сесии во Сузука, за да не се повтори истиот инцидент.

Од почетокот на годината, само во Сочи имавме ваков проблем. Мислам дека најдоа што е проблемот, променија малце во системот за да не се повтори во иднина. Но, никогаш не се знае иако сум убеден дека нема да имаме проблем.


Торо Росо нема повторно да се мачат со сопирачките

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>