Екипата на Торо Росо му се заблагодари на веќе поранешниот возач, Брендон Хартли, откако неговите 14 месеци во Формула 1 дојдоа до крај по дебито на Американското Гранд При во 2017 година.

Нивната порака следеше по потпишувањето на Александер Албон и поранешниот нивни возал, Даниил Квјат. Тимскиот шеф на Торо Росо, Франц Тост, го изјави следното:

Сакаме да му се заблагодариме на Брендон за неговата напорна работа со тимот. Не беше лесно да се премине од спортски автомобили во Формула 1, особено во толку краток период.

Неговата постојаност во последните 4 трки од 2017 година му обезбедија место за 2018 и иако не сме во можност да продолжиме во 2019 година, тој беше клучен дел од тимот и придонесе кон развојот на агрегатот на Хонда.

Му посакуваме се најдобро во неговата иднина – вели Тост.

И покрај пофалбите, Хартли на неговиот профил на Facebook откри дека сеуште има незавршена работа со тимот. Не е познато сеуште каде ќе вози наредната година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.