Торо Росо мора да ја подеси новата Хонда

135
   

Торо Росо потврди дека ќе вози со последниот мотор на Хонда во Јапонија, а Пјер Гасли најави дека мора да го подеси моторот за да извлече максимум од новата спецификација. Јапонците ја донесоа својата нова спецификација во Петок во Русија, но остатокот од викендот земаа нов мотор, но од претходната спецификација поради тоа што сакаа да ги анализираат податоците добиени од двете петочни сесии.

Мислам дека новиот мотор има подобри перформанси, но како што реков во Сочи, не знаеме колку подобри. Мораме да го пробаме уште еднаш и подобро да го прилагодиме за да извлечеме се од него.

Во Сочи изгледавме подобро во текот на еден круг и имавме позитивен Петок. Се надеваме дека исто ќе биде и во Јапонија затоа што прв пат планираме да го користиме новиот мотор цел викенд. Да видиме како ќе биде.

Јас сум оптимист во однос на перформансите, најголем оптимист споредено со последните неколку тркачки викенди – најави Гасли.

Проблем во Русија беше калибрацијата на моторот, односно да се сведе на колку што може подобро ниво со шасијата, затоа што во текот на возењето предизвикувал невообичаени и неочекувани осцилации.

Ќе ви кажам во Петок наутро дали е моторот подобар, но осцилации беше една област која моравме да ја подобриме. Знам дека се работеше на тоа на динамометарот – најави Гасли.


Торо Росо мора да ја подеси новата Хонда

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>