Првиот човек на Торо Росо, Франц Тост, откри дека екипата од Фаенца и сениорскиот тим на Ред Бул ќе ја прошират соработката следната година и ќе делат многу компоненти, а не само моторот на Хонда со кои двете екипи ќе се тркаат догодина.

Следната година ќе биде втора во соработката на Торо Росо и Хонда, но прва во соработката на Ред Бул и Хонда. Тост најави дека Торо Росо ќе вози со иста “задница“ како и екипата од Милтон Кинс, односно исти менувач, суспензија во задниот дел како и хидраулика и електроника.

Оваа соработка ќе биде слична на онаа помеѓу Ферари и Хаас и е целосно легален начин на кооперација помеѓу две екипи, а Тост најави користење на заеднички со цел да се подобрат перформансите на малата екипа за подобар пласман кај конструкторите.

Ќе имаме проширена соработка со Ред Бул следната година затоа што сакаме да имаме исти заден дел од болидот што значи мотор, менувач и задна суспензија. Се што е дозволено согласно правилата ќе користиме.

Предната суспензија исто така ќе можеме да ја превземеме, внатрешните делови, не надворешните крила – најави Тост.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.