Според извештаите од холандските медиуми, Даниил Квјат е многу блиску до враќање во Торо Росо, но доктор Хелмут Марко одбегнува ова официјално да го потврди, објаснувајќи дека официјалната одлука за возачите ќе биде објавена на Големата награда на русија.

Дани е главен фаворит за враќање во Фаенца откако едното место е дефинитивно празно поради заминувањето на Пјер Гасли во Ред Бул. Виси и местото на Брендон Харлти кој не ги покажува перформансите кои се очекуваат од него, а за тоа второ место најмногу се шпекулира со Роберт Кубица и Антонио џовинаци.

Ќе биде еден возач од тие тројца, но јас ќе ви кажам кој на викендот во Сочи – појасни за Sky Italia Совтникот за моторспорт во Ред Бул, доктор Хелмут Марко.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.