Торо Росо го објаснуваат двојното откажување

138
   

Торо Росо го објаснуваат проблемот на Пјер Гасли и Брендон Хартли кој им се случи во исто време во 6от круг од Руското Гранд При поради што двајцата веднаш се повлекоа во гаражата. По казните поради користење на новата спецификација на Хонда, возачите земаа и нов постар мотор од старата спецификација за трка, по што стартуваа од опашката на поредокот.

Тимскиот шеф Франц Тост откри дека проблемот со еден клип, дел од сопирачките кои направил проблем кога се постигнала висока температура.

ОВа беше фрустрирачка трка за Торо Росо затоа што двата болиди мораа да се повлечат. Од непозната причина имавме огромна температура во преднтите сопирачки, а еден клип од сопирачките се заглави.

Тоа предизвика прегревање на течноста во сопирачките и таканаречен долг педал за сопирање поради што ги повикавме возачите да се повлечат во гаражата. Јасно е дека согласно парк ферма условите не променивме ништо од вчера и поради тоа мораме понатаму да ја истражиме причината поради која ни се случија дефектите – појасни Тост.


Торо Росо го објаснуваат двојното откажување

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>