Торо Росо веруваат во К3

92

Екипата на Торо Росо цели кон последниот квалификациски сегмент по солидниот старт на Големата награда на Мона на тренинзите во Четврток. Гасли и Харти беа охрабрени со брзианта на болидот и ги завршуваа сесите во најбрзите 10.

Во однос на перформансите мислам дека веднаш сме во топ 10 со хиперсофт, утрото бевме 12ти, но со потврдата компонента кој исто така изгледаше одлично. Попладнето бев 11ти на хиперсофт што е ветувачко, блиску до оние пред мене, но и блиску до оние зад мене. Дефинитивно сме во борба и имаме цел да бидеме во К3. Тешко се вози по патеката со толку гужава и ни треба умна стратегија на квалификациите, но и среќа – смета Брендон Хартли.

Другиот возач, Пјер Гасли, верува дека борбата зад топ 3 екипите е многу блиска откако тестиаа и некои новини вчера. Французинот не е презадоволен со болидот, но знае дека имаат дополнителен дне да поработата не него.

Пробавме некои нови работи и за момент бев многу блиску до 7мо место така што викендот ќе биде многу напорен. Не ги наоѓам вистинските работи за целосно да се опуштам во болидот така што во моментов сум надвор од совршената зона, но Брендон изгледа доста добро така што веројатно ќе работиме и ќе анализираме повеќе за да го најдеме најдобриот пакет и сетап.

Болидот изгледа многу брз така што ако успееме да најдеме 2-3 десетинки мислам дека ќе бидеме во добра комбинација за топ 10, а тоа е наша цел за викендов – смета Гасли.


Торо Росо веруваат во К3

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>