Тод: Тимската наредба во Мерцедес е “искрена и оправдана“

147
   

Претседателот на ФИА, Жан Тод, кој често користеше тимски наредби при неговото владеење во Ферари, смета дека одлуката на Мерцедес во Сочи била “искрена и оправдана“.

Настаните во гаражата на Мерцедес го потсетија Тод на Австриското Гранд При во 2001 година, кога му нареди на Рубенс Баричело да ја предаде победата на лидерот во првенството, Михаел Шумахер.

Одлуката беше осудувана од медиумите и фановите и доведе до забрана на тимски наредби. Таа забрана беше отстранета и навиката повторно стана дел од секојдневнието.

Видов што се случи и беше искрена и оправдана одлука. Разликата е што Ботас беше многу подисциплиниран одколку Баричело во Австрија. Сите овие дебати се тотално незначителни, бидејќи тимските тактики се дел од Формула 1. Единствено нешто што е важно е што не е сокриено од тие кои гледаат.

За мене секогаш беше непријатно да користам тактика, но секогаш се обидував да се справам со тие настани со искреност – изјави Тод за La Gazetto della Sport.

Во однос на контроверзната одлука од страна на Тото Волф, поранешниот возач на Мерцедес, Нико Розберг, смета дека тимските наредби би можеле да влијаат над самодовербата на Валтери Ботас.

Навистина е лошо ако сте истакнати како возач број 2. Вашата самодоверба исчезнува и многу е тешко да се справите со тоа ментално. Се надевам дека Валтери ќе се врати со навистина добри перформанси во последните трки – вели Розберг.


Тод: Тимската наредба во Мерцедес е “искрена и оправдана“

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>