Претседателот на ФИА, Жан Тод, смета дека премногу тајни симулации се лоши за Формула 1. Големото потпирање на симулатори поради забраната за тестирање резултираше во поголемиот дел од развојот да се одвива зад затворени врати.

Тод признава дека користењето на сумулатори наместо тестови има негативен ефект на спортот и дека Формула 1 можеби отишле предалеку во погрешна насока во обид да ги намалат трошоците.

Работите се менуваат, понекогаш на добро, понекогаш на лошо. Мислам дека болидите се премогу издржливи, Мислам дека има премногу што се случува позади затворени врати. Симулацијата, возачите кои симулираат трка во фабриката за време на тркачки викенд или било кој друг период без лимитации.

На некој начин ми недостасува минатото. Ми недостасуваат приватните тестови, сите се жалеа дека има премногу приватни тестови. Барем можевме да видиме што се случува.

Можеби беше премногу, но сега мислам дека има премногу тајни симулации во фабриката. Очигледно е добро да сме модерни, но треба да имаме поголема контрола – вели Тод.

Воведување на тестови во сезоната може да доведе до зголемување на трошоците кои ќе влијаат над буџетот. Како алтернатива, тестовите во сезоната би можеле да помогнат во намалување на разликата на повеќе патеки за тие кои заостануваат.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.