Претседателот на ФИА, Жан , верува дека Формула 1 станал премногу зависна на скриени симулации.

Забраната за тестирање во текот на сезоната резултираше со зголемено користење на симулаторите во фабриките со цел да се помогне во сетирањето на болидите и развој во текот на сезоната врз база на она што е собрано како информација од патеката. Тод смета дека тоа има негативен удел врз тркачката серија, особено за фановите кои не гледаат што се случува во фабриките, а очигледно дека се случуваат крупни работи.

работите се менуваат, понекогаш на добро, а понекогаш не на толку добро. мислам дека болидите се премногу совршени и многу работи се случуваат во фабриките, работи кои никој не ги гледа. симулациите, возачи како симулираат цели трки во текот на тркачкиот викенд без никаков лимит.

на некој начин ми недостига минатото, ми недостигаат приватните тестови за кои сите се жалеа дека ги има премногу, но барем можеше да се види што се случува и кој на што работи – изјави тод во своето интервју за Sky Sports F1.

Французинот смета дека спортот може да има голема корист доколку се забрани начинот на кој се користат информациите кои екипите ги собираат од тркачките викенди.

веројатно тогаш тестирањето беше преобемно, но сега има премногу скриени работи додека се симулира во фабриките. јасно е дека модерното често е добро, но мора повеќе да го контролираме – смета тод.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.