Тод открива: Пред смртта, Маркионе позитивно гледаше на Ф1

141

Првиот човек на Интернационалната Автомобилисричка Федерација, Жан Тод, откри дека неодамна починатиот Серџо Маркионе бил позитивно расположен околу иднината на Формула 1 што му го кажал при нивниот последен состанок во Јуни годинава. Иако на Маркионе не му се допаѓаа новите правила на Либерти Медиа и она што сакаа да го направат со Формула 1, сепак се чини дека неговите ставови омекнале.

Тод се познава со Маркионе од времето минато во Ферари, заедно имале состанок со Чејс Кери во Јуни за да разговараат за иднината на спортот.

На 25 Јуни вечеравме во мојата канцеларија во Женева со Маркионе и Чејс Кери и разговаравме за иднината на Формула 1. Следниот ден Серџо ми прати СМС порака дека состанокот бил одличен и дека треба да продолжиме позитивно да гледаме на спортот. Не сум целосно сигурен за датите и не сум сигурен кога точно беше пренесен во болница.

Требаше исто така да вечераме и во Недела вечер по крајот на Австриското Гранд При, но тој ми прати порака дека нема да може да стигне и дали би можеле да се состанеме порано. Потоа се случи трагедијата – се присетува французинот.

И покрај тоа што од аспект на Формула 1 и Ферари, смертта на Маркионе е голема загуба, Жан Тод додава дека за него тоа е и лична трагедија.

Голема загуба не само за оние вклучени во индустријата, туку поради страста кон спортот и начинот на водење. За мене тој беше одлична, фантастична личност. Работев со него и порано пред да станам Претседател на ФИА и не се согласувавме секогаш, но на крајот ми се допаѓаше и многу го почитував.

Искрено ќе кажам дека се работи за многу повеќе од иднината на Формула 1 затоа што тој имаше 66 години, за мене живот е живот без разлика на годините и поради тоа сум многу тажен.

Новиот Главен извршен директор на Ферари, Луис Камилиери веќе откри дека неговиот пристап нема да биде толку агресивен како на неговиот претходник.

Камилиери е многу умен човек, тој го сака тркањето и јасно е дека ќе има сосема поразличен стил, но тој е голем и талентирам бизнисмен. Се работи за искрена личност и јас сум сигурен дека исто како и ФОМ и ФИА, Ферари ќ остане во Формула 1 и сите ќе завршиме одлична работа. Оптимист сум – заврши Тод.


Booking.com

Тод открива: Пред смртта, Маркионе позитивно гледаше на Ф1

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>