Тод негира дека возачите не добила шанса за новите правила

105

Првиот човек на ФИА, Жан Тод, ги отфрли како неточни тврдењата на некои од возачите дека не биле консултурани при промените на правилата. Себастијан Ветел во Барселона ги критикуваше аеродинамичкит епромени за 2019 година, особено од фактот што возачите не добиле шанса за свои предлози.

Ги почитувам возачите и знам колку зафатени може да бидат, но имаа пристап. За жал, многу често имаме состаноци на кои тие не се појавуваат. Секогаш сум се трудел да го чујам нивното мислење, тие секогаш се поканети да присуствуваат и да кажат што имаат во врска со било каква промена – објасни Тод.

Во текот на минатата недела, Хамилтон гласно зборуваше против новото предложено Гранд При во Мајами сметајќи дека возачите треба да се чујат во врска со конфигурациите на патеките.

Ако возачите имаат свои коментари истите се повеќе од добредојдени. Секој возач кој сака да ме види од првиот до последниот, ќе добие таква шанса во рок од 48 часа.

Го прочитав транскриптот од последната прес конференција во Шпанија, Хамилтон се жалеше, Ветел се жалеше, Раиконен … сите се жалеа, а тие се напред, така што замислите каква е ситуацијата кај оние од задниот дел од поредокот.

Прочитав и сметам дека нешто не е во ред и поради тоа мораме да најдеме решение. Велиме дека сакаме да го подобриме спортот и шоуто, така што ајде да го направиме тоа.


Тод негира дека возачите не добила шанса за новите правила

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>