Тод: Квјат не прави многу грешки

190
   

Претседателот на ФИА, Жан Тод, застана во одбрана на поранешниот и иден Формула 1 возач, Даниил Квјат, велејќи дека русинот не прави толку многу грешки како што метаат многумина. Дани ќе се врати во падокот следната година повторно како возач на Торо Росо откако екипата од Фаенца реши со него да ја пополни празнината која зад себе ја остава Пјер Гасли кој ќе мине во сениорскиот Ред Бул.

24-годишниот Квјат беше под договор со Ред Бул неколку години, а во 2015 година миан од Торо Росо во Ред Бул, но следната беше вратен во Фаенца за шанса да добие Макс Верстапен. По голем дел од 2017 година “биковите“ се решија да се ослободат од него.

Тој е многу талентиран возач, а тоа многу пати го има покажано. Ќе има добра шасија следната година и одличен мотор зад себе и сигурен сум дека ќе има одлични перформанси.

Не греши многу во текот на годианта, а штом дошол во Формула 1 значи дека е многу талентиран возач. Тој што прави многу грешки едноставно не е во формула 1. Тука сте затоа што сте добар – објасни Тод за руската новинска агенција Tass.

Фановите го нарекуваа Дјват “Торпедо“ поради неклкуте судари поради неговиот агресивен стил на возење, но челниците од Милтон Кинс сметаат дека по сезоната мианта во Ферари возачот созреан.


Тод: Квјат не прави многу грешки

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>