Тод: Електрична Ф1 нема смисла

228

Растечкиот интерес од фановите и производителите на автомобили предизвика гласини дека Формула 1 би можела да стане електрична серија во блиска иднина. Ситуацијата е сложена бидејќи Формула Е има ексклузивен договор со ФИА да биде водечка електрична серија до 2039 година.

Точно е дека тие имаат екслузивен договор за одреден број на години и затоа нема смисла да се каже дека Формула 1 ќе биде електрична. Тоа нема да се случи. Зборуваме за две комплетно различни категории – појасни Претседателот Тод.

Како и Формула 1 така и Формула Е е атрактавни од различни причини, но на електричните болиди им недостасува крајна брзина што не е случај со Формула 1.

Формула Е ги нема перформансите на Формула 1. Затоа Формула Е се вози по градовите и ниту една патека како Монца нема интерес да биде домаќин на таква трка. Се зборува за различни категории.

Кога започна пред четири години ни беа потребни два болида за да се извози трка од 45 минути. До крајот на оваа година ќе може да го правиме тоа со еден болид. Тркањето е лабораторија не е само шоу. Не губете време со споредувањена сериите бидејќи е здодевно.


Booking.com

Тод: Електрична Ф1 нема смисла

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>