Тод: Време е да го оставиме Михаел на мира

1116

Претседателот на ФИА, Жан Тод, најави дека дошло времето да се остави Формула 1 легендата Михаел Шумахер да го живее својот живот на мира. Здравствената состојба на седумкратниот шампион е строго чувана тајна откако се повреди на скијање, тој е во својот швајцарски дом од Декември 2013 година.

Неколку пати се појавуваа гласини по медиумите во врска со неговата состојба, но семејството одлучи да не дава никакви изјави во врска со тоа што се случува со германецот.

Тод остана многу близок со семејството Шумахер и го посетува неколку пати во текот на годината.

Шуахер е опкружен со своето семејство и пријателите. Се чувствувам благословен што имам чест пристап до него, но неговата здравствена состојба е приватна работа и мислам дека дојде време сите да го оставиме Михаел да го живее својот живот на мира. Повторувам, време е да го оставиме Михаел да го живее својот живот на мира – изјави Тод при својата посета на Аргентина La Nacion.

Што најавува Жан Тод ?


Тод: Време е да го оставиме Михаел на мира

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>