Формула 1 тимовите платиле 16 милиони долари на ФИА за учество во првенството во година, додека делот на шампионите Мерцедес се преку 4,5 милиони од вкупните средства.

Мерцедес беа во дуел со Ферари на почетокот на сезоната, пред да создадат предност по летната пауза, освојувајќи ја својата петта титула.

Од 2013 година, нов систем беше воведен според кој секоја екипа треба да плати учество од 516,128 долари, покрај дополнителни средства во однос на нивниот успех.

Шампионите треба да платат 6.194 долари за секој освоен поен, додека останатите 5.161 долари, сума која треба да се уплати до 30 Ноември.

655 поени освоени од Мерцедес значат дека тие платиле 4,573,198 долари на ФИА, мало намалување во однос на 2017 година. Тоа е најмала сума која Мерцедес ја платиле од 2014 година, додека во 2016 платија 5,2 милиони долари.

Ферари од друга страна имаат зголемување од четврт милиони долари, додека Ред Бул имаа слично зголемување во сумата.

Вкупната сума од 16,479,877 е зголемување од 203,333 долари во однос на претходната година.

Следната табела ја прикажува исплатената сума во однос на претходната година:

ТИМ / Учество во 2019 / Учество во 2018

  • Мерцедес: $4,573,198 / $4,653,720
  • Ферари: $3,463,059 / $3,210,170
  • Ред Бул: $2,678,587 / $2,415,376
  • Рено: $1,145,770 / $810,305
  • Хаас: $996,101 / $758,695
  • Мекларен: $836,110 / $670,958
  • Рејсинг Поинт: $784,500 / $1,481,235*
  • Заубер: $763,856 / $541,933
  • Торо Росо: $686,441 / $789,661
  • Вилијамс: $552,255 / $944,491
  • Вкупно: $16,479,877 / $16,276,544

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.