Тимовите го укинуваат МГУ-Х од 2021 година

368

Производителите на агрегати се согласиле со предлогот на Либерти Медија да се укине хибридниот МГУ-Х дел од Системот за повраток на енергијата од 2021 година, потврди шефот на Мерцедес, Тото Волф.

Шефовите на Формула 1 се состанаа по втор пат изминатиов Петок, по првична средба во Бахреин, со цел да разговараат околу новите правила од 2021 година, кои треба да донесат големи промени во спортот, вклучувајќи нови правила за аеродинамика, нови агрегатни едниници и ограничување на тимските буџети.

Еден од елементите во новите правила за агрегатите е предлог на Либерти да се укине скапиот и технолошки напреден МГУ-Х елемент, кој ја претвора топлината во електрична енергија и моментално бележи половина од хибридната енергија во болидите.

Според тимските шефови, предлогот е чекор назад и поради тоа првично не ја подржаа идејата, но по средбата во Петокот во Монако, Волф откри дека тие се согласиле да се укине овој дел за “доброто на спортот“, а воедно за придонес кон подобро искуство за фановите.

Работите не се одвиваат по нашите барања во моментов, но добро е што процесот беше објаснет, разбираме дека нивната стратегија е во наока на најважните елементи и исто така имаме објаснување во техничката регулатива, нивната визија за агрегатот, ограничување на трошоците, а сето тоа беше чекор напред.

Ние се откажавме од некои елементи. Прифативме да се укине МГУ-Х. Сметаме дека губење на оваа технологија е чекор назад, но во однос на компромис, тоа е за доброто на спортот. Поради тоа, вртежите ќе бидат поголеми, протокот на гориво ќе биде поголем, моторите ќе бидат погласни … Од гледна точка на спектакл, ова е нешто што мора да го земеме во предвид и да го прифатиме – изјави Волф.

Тој појасни дека не верува дека не треба да постои ограничување на протокот на гориво целосно.

Имав момент за време на состанокот. Кога разговаравме за укинување на ограничувањето на гориво кое го имаме моментално и тоа создаде голема расправија.

Не смееме да ги затвориме очите и да игнорираме што се случува во светот. Секојдневни автомобили имаат хибридни системи, тоа треба да го има и во Формула 1, но мора и да разбереме што ги интересира фановите.

Формула 1 не може да постои без технологија, но мора и да биде на ниво како спектакл кој ќе ги шокира вашите сетила – истакна Волф.

Австриецот откри дека постигнале прогрес за предложеното ограничување на буџетите, идеја која првично беше одбиена, а чија висина е 150 милиони долари.

Имаше добар момент во состанокот кога Либерти признаа дека ограничување на буџетот не смее да биде настан, туку процес. Мора да поминат неколку години и мора да се земат во предвид неколку структури. Тие го земаа нашето мислење во предвид и јасно е дека ние ќе ги штитиме нашите структури, тоа го појаснивме – додаде Волф.


Тимовите го укинуваат МГУ-Х од 2021 година

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>