Победникот од Макао и второпласиран во европското Формула 3 првенство, Ден Тиктум, ќе го има своето деби во Формула 2 викендов на последната трка во Абу Даби.

Јуниорот на Ред Бул прв пат ќе се појави во серијата со тимот на Арден, кој пак го води  таткото на тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, Гери. Тој ќе го превземе местото на Максимилијан Гунтер, кој пак ја освои единствената победа за екипата на спринт трката во Силверстон.

Учеството на Тиктум беше потврдено и од официјалната листа на ФИА за настанот. 19-годишниот возач сеуште е фокусиран кон Формула 1, но моментално му недостасуваат поени за да добие суперлиценца. Поради тоа и плановите на Торо Росо да го користи за тест сесии во Унгарија пропаднаа.

Доминантната победа во Макао го приближи на само 5 поени за учество во Формула 1. Тиктум сега планира да го надомести дефицитот со учество во Јапонската Супер Формула со тимот на Муген наредната година.

Очигледно, пет дополнителни поени се драгоцени. Тоа значи дека нема да бидам под притисок да морам да победам на се што ќе учествувам преку зимата.

Не верувам дека има многу возачи кои можат да ми бидат предизвик во другите серии, да не звучам премногу самоуверено. Се додека сум во правилната екипа и ја вршам својата работа, се надевам дека ќе стигнам до магичните 40 поени следната година – вели Тиктум.

Тоа значи дека Тиктум сеуште би можел да биде конкурент за слободното место во Торо Росо за 2019 година покрај Даниил Квјат. Моменталниот претендент, Александер Албон сеуште е фаворит, но 22-годишниот возач веќе има договор да вози во Формула Е со Нисан е.Дамс следната година.

Се фокусирам на своите должности во Формула 2 викендов. Се обидувам максимално да ја извршиме својата работа.

Нема да дозволам ништо да ми го одземе вниманието. Бевме силни во трките и возбуден сум пред викендот. Ако ја завршиме најдобрата работа, тоа ќе направи притиок над Џорџ Расел. Се надеваме на негова грешка, така мора да гледаме на работите.

Мислам дека нашата форма во трка станува се подобра и подобра. Се фокусираме на квалификациите каде имавме потешкотии годинава. Мислам дека се подобривме и знам што треба да направам. Можев да направам некои работи подобро, но нема да му ги кажам на Џорџ – изјави Албон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.