Даниел Тиктум изјави дека бил задоволен од Ред Бул откако тестираше за тимот на двата денови сезонски тест во Барселона.

19-годишниот јуниор на Ред Бул по втор пат возеше Формула 1 болид за тимот на вториот ден од сезонскиот тест во Шпанија, откако првиот пат тестираше во Бахреин. Тој заврши на 10та позиција, но сепак неговата програма не била фокусирана на најбрзи кругови.

Сакам тие да се задоволни. јас сум Задоволен. Тешко е да се суди дали завршив добра или лоша работа, Но сепак мислам дека имам добар фидбек за се што се случува. Мислам дека сите се среќни.

За мене беше најважно што возев болид, но подоцно ќе се сконцентрирам на брзина. Како што тимот испланирал, мислам дека сме среќни со собраните податоци. Имав мал проблем и изгубивме неколку часови, но генерално сум задоволен. Од собраните податоци го добивме тоа што го баравме – појасни тиктум.

Австралијанецот се натпреварува во Супер Формула оваа сезона во обид да заработи Формла 1 суперлиценца. Во моментов е 8ми во генералниот пласман по тешката трка во Сузука. Запрашан за тоа што планира Хелмут Марко за 2019 тој одговори.

Не знам во моментов. Ми рече да победам. Тоа е тоа што кажува. Сите се обидуваме да го завршиме тоа.