Тест, ден 2: Расел финишираше како најбрз

302

Јуниорот на Мерцедес, Џорџ Расел, го заврши вториот ден на Хунгароринг како најбрз, подобрувајќи го вчерашниот рекорд на Антонио џовинаци со Ферари. Првиот ден на Расел мина во знакот на проблемите со менувачот, но денеска комплетираше дури 103 кругови победувајќи го Кими Раиконен за врвот.

Кругот на Џорџ Расел на хиперсофт беше 1.15.575 што е побрзо од вчерашниот круг на Џовинаци за помалку од десетинка. Кругот на хиперсофт во последните моменти од сесијата на Кими Раиконен беше доволно добар за второ место и само 7 стотинки заостаток. Џејк Денис на Ред Бул, иако не беше убедлив утрото, постави трето време на денот со 1,4 секунди зад Расел.

Џовинаци беше 4ти откако денеска тестираше за Заубер со круг на хиперсофт и беше половина секунда побрз од Маркус Ериксон кој го возеше Ц37 болидот вчера. Никита Мазепин од Форс Индија предизвика црвени знамиња утрото, но попладнето постави 5то време.

Роберт Кубица остана на 6то место и не успеа да го подобри своето утринско оствварување на ултрасот, Ландо Норис беше по него со круг на софт во последните 15 минути од сесијата.

Гелаел, Хартли и Гасли сите возе денеска за Торо Росо и ппоставија најбавни времиња, иако редовните возачи тестираа за Пирели, а Шпн за тимот.

Кими беше најактивен возач по првите 4 часа, а така остана и на крајот на денот, додека Мазепин имаше најмалку комплетирани кругови, само 51.


Тест, ден 2: Расел финишираше како најбрз

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>