Тест, ден 2: Кими најбрз по 4 часа

734

Ферари продолжи да доминира на тестот во Хунгароринг откако Кими Раиконен имаше најбрзо време на средина од вториот ден. Финецот го превзема СФ71Х болидот од Антонио Џовинаци кој доминираше во Вторник.

Користејќи софт компонента Раиконен постави време од 1,16,171 што беше само илјадитинка побавно од она што го возеше Себастијан Ветел при стојот рекорд на Т3 за време на тркачкиот викенд.

Второ време со заостаток од над две секунди имаше Роберт Кубица со својот ФВ41 Вилијамс. Полскиот возач на крајот од сесијата стигна до брзи кругови откако поголемиот дел од денот работеше на развојот на болидот. Неговото најбрзо време беше постигнато со ултрасофт компонентата.

Ландо Норис кој и денеска тестираше за Мекларен беше 3 десетинки побавен од полјакот иако судејќи го распрсканата боја на шасијата, аеродинамичкото тестирање за него беше пред се. Кругот на Ландо беше 3 десетинки побавен од најбрзиот круг на Мекалрен во текот на тркачкиот викенд.

Шон Гелаел вчера предизвика црвено знаме и беше најбавен, но денеска на половина од денот имаше 4то време и беше побрз од Џорџ Расел кој повторно беше во болидот на МЕрцедес.

Вчера најбрзиот возач, Антонио Џовинаци, денеска промени болид, тестираше за Заубер и беше 6ти на листата најбрзи. Зад него беше Никита Мазепин кој загуби половина час откако застана на патеката поради дефект на свокот број 11.

Раиконен беше најактивен со дури 69 кругови, додека извртувањето го ограничи Мазепин на само 27.


Тест, ден 2: Кими најбрз по 4 часа

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>